MARAS LYRICS
album: "Himni Od Devette Kralstva" (2005)
1. Матер Слава (Intro)2. Низ Ридовите На Изгубената Земја
3. Антихрист
4. Bloodstone Warrior
5. Алатуирска Река
6. Нека Гори Огнот Пагански
1. Матер Слава (Intro)
2. Низ Ридовите На Изгубената Земја
Во длабочините на мркиот Еон
Го барам татковиот изгубен гроб
Низ ридовите на стариот дом
Под сивите неба на мојот дом
Погледот лута по јатата птици
Што в мрачните мугри вреват сами
Некогаш знамиња се вееле на ветрот
Кај денес почиваат пророштва, тајни...
И клекнувам пред гробот
Чиј епитаф е исконски меч
Со слова од ини кралства и војни
Што се лееле по патот на моите стари...
...на југот тивок синови
Штом знамето наше загреди
Гласот силен нека бара одек
За вечност и слава на името ни
Бедемите од солзи ќе се ронат
Споменот вивнува в гради ко птица
Да раскаже сага за слободниот Паган
Тој патот на светите молњи го следи
Восхит и рев што победа значат
В последниот бој за вишните кралства
Низ ридовите на древниот дом
Под златното сонце на мојот дом!
3. Антихрист
Во мене се збрал враговиот гнев
На таткото мрачен што ордите ги буди
Од сонот вечен зад црниот пламен
Да востанат посилни Антирисјани
Само болот,
Гневот,
Ужасот
Бдеат
Над раните пагански, Матер Земља
Исконски дух, природна сила
За семоќен врисок, нашиот ден
Пламје зад ридови, чад се издига в неба
Да навести на својот татко, вечниот им "бог"
Како црквите горат, домот негов свет
Каде некогаш храмот Перунов сјаел
На темели ни болој посеале и јад
Да си пиеме крвта брат со брат
Секој за својот алчен здив да мрази
Да заборави што вдахнале нашите Стари
Сега одмазда,
Гнев,
Востание
Извива
Да исцели рани, Паганска Земја
Исконскиот дух, нашата сила
Виорот се буди во мене, јас чувствувам...
Антихрист!
4. Bloodstone Warrior
He bestows the black elements of Sun
To the Decadents, creators of his thunder heart
As pleasure of behavior, sufficient for us
Embodiment of those, sinners of thy kingdom come
The empty intrinsic I've lost
Is betraying within the hands of peace
Elementary devotion as
Tranquility that dies in subtle spirits
The falling tears of dying devotion
Erase the trails left to rot in sand
They've gone by the winds in depths
Where bloodstone we once have made
Black ravens cover the whitest of our fields
The grace and the sin in famine passed their path from here
Descending from the solar ring, the circle of stars and tide
Upon the everlasting beams, the flaming horse on which he rides...
...in war!!!
5. Алатуирска Река
Се напивам од изворот на мудроста
Бремето на нејзината клетва,
Млекото на Аурора - солзата
Пат на изгубениот дух
Сотрени души по полјето жолто
Есенски копнеж по домните рози
О, душава в плам е, заспива тивко
За никогаш веќе да не се разбуди
Те гледам, света
Со сиот твој тек
Не разбирам од екот на твоите усни
Плачам за гревот на своето име,
Не умри сега, пиј од моето виме...
Крв што ја раѓам за татковиот меч
Одмазник, а чувар на денот...
Алатуир,
Од прав ѕвезден создаден
Здив божествен, русалски
За вечна мудрост оставен
Од, тропот во ноќниот мир
Сомнеж во скапоцел бескрај
Морничава мисла од здив во здив
Ѕвекот на првиот меч...
Алатуир
Паднавме в бој за тебе
Воскресни Иријски стражару
За моќ и алчност заборавен...
Неразбирлив шепот од сивите очи на смртта
Сит до бол од крвавото виме
Заминувам сив, го убивам своето име
6. Нека Гори Огнот Пагански
Силен пискот в небо вивнал
Ко јастреб желен за шир и бескрај
Кај кадот црн бесно греди
Со летот на Карпатскиот орел
Татне Матер Земља во студот
Од химните на деветте кралства
За денот Славјански повтор да се роди
Со балтакот в рака Радигаст нека не води
Сега, засекогаш и во вечни векови
Нека гори огнот пагански!
Повтор кон минато и спомен гледам
В нејасен маглив ден
Што еднаш бескрајните гори биле
Но слободни веќе не тлеат, не...
Четири моќни глави над портите Иријски
Свантовит, светиот оган нека не води
Татне Матер Земља во студот
Од маршот на деветте војски
За денот Славјански повтор да се роди
Со балтакот в рака Радигаст нека не води
Коња оседлајте, наточете сабји
Јаваме в Панонија под Перунови молњи
Сега, засекогаш и во вечни векови
Нека гори огнот пагански!
Thanks to avet666 for sending these lyrics.
Submits, comments, corrections are welcomed at webmaster@darklyrics.com
MARAS LYRICS
Copyright © 2001-2019 - DarkLyrics.com --- All lyrics are the property and copyright of their respective owners.
All lyrics provided for educational purposes and personal use only. Please read the disclaimer.
All lyrics provided for educational purposes and personal use only. Please read the disclaimer.